Откако оплоденото јајце ќе се всади во матката, клетките кои ќе ја формираат основата на плацентата почнуваат да лачат хормон hCG (Човечки хорионски гонадотропин) во крвта и урината. Тестот за бременост го детектира присуството на хормонот hCG со најнова технологија - преку специфични антитела врзани за честички од колоидно злато. Надежноста на оваа метода е > 99%.
Тестот за бременост Pepino dipstrip може да ја открие бременоста во многу рана фаза, приближно два дена по всадувањето на јајцето во матката.
НАДЕЖНОСТ:
Ако тестот се изведе според упатствата, неговата точност е многу висока, слична на тестовите за бременост со примероци од урина направени во стручни лаборатории. Лабораториските испитувања на примероци од урина на бремени жени покажаа точност поголема од 99%.
Повеќето лекови немаат влијание врз тестот, но како и кај сите тестови за бременост, лажен позитивен резултат може да предизвикаат инјекции на Chorigon користени при одредени третмани за неплодност и лекови кои содржат хормон hCG.
ЕДНОСТАВНО И БРЗО: Една од главните предности на тестот за бременост Pepino dipstrip е неговата лесна употреба. Доволно е да се потопи дел од тест лентата во примерок од урина. Резултатот се појавува за неколку минути.
Тестовите за бременост Pepino се IVD медицински средства. Пред употреба внимателно прочитајте ги упатствата за употреба во пакувањето.